ВИДЕО: Како да доаѓа крај на светот – огромни расцепи и кратери на земјата по земјотресот во Хатај

Фото: Твитер

На социјалните мрежи се појавија нови снимки на кои се гледаат огромни расцепи и кратери на земјата длабоки 30 метри, а широки до 200 метри.

Најмалку шест лица загинаа, а речиси 300 се повредени во синоќешните два земјотреса на југоистокот на Турција, објави денеска турскиот весник „Хуриет“. Според тој весник, повредени се најмалку 294 лица, од кои 18 се во тешка состојба.

Турската управа за итни случаи и природни катастрофи соопшти дека земјотреси со интензитет од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погодиле синоќа провинцијата Хатај и биле проследени со најмалку 32 последователни потреси. Потресите се почувствувани и во Сирија, Кипар, Грција, Египет, Израел и Либан.
Во вчерашниот земјотрес во Сирија загинаа пет лица во неколку градови, јавија арапски ТВ станици.

Овој силен земјотрес следи по само две недели од катастрофалните земјотреси што го погодија југот на Турција, а кои беа со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала.

Најмалку 41.156 луѓе загинаа, а 105.505 се повредени во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Турција на 6 февруари, соопштија властите во најновите податоци за природната катастрофа.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со центар во Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 области, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Шанлиурфа и Елаз.

Единаесет жртви во синоќешните земјотреси во Турција и во Сирија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот