ВИДЕО | Јули e официјално најтоплиот месец измерен во историјата на Земјата

Фото: RICHARD ELLIS / UPI / Profimedia

Европската организација за следење на климата го официјализираше јули 2023 година како најтоплиот месец на Земјата досега.

Просечната глобална температура во јули од 62,51 степени Целзиусови беше за шест десеттини повисока од претходниот рекорд поставен во 2019 година, објави во вторник „Службата за климатски промени Коперник“, огранок на вселенската програма на Европската унија, пренесе „Си-би-ес њуз“ (Cbsnews).

Нормално, глобалните температурни рекорди се уриваат за стотинки или десеттинки од степенот, така што поголеми отстапувања се невообичаени.

„Овие записи имаат ужасни последици и за луѓето и за планетата изложена на сѐ почести и поинтензивни екстремни настани“, рече заменик-директорката на „Коперник“, Саманта Бургес.

Смртоносни топлотни бранови има во југозападниот дел на САД и Мексико, Европа и Азија. Научните брзи студии ја ставаат вината на климатските промени предизвикани од човекот од согорувањето на јаглен, нафта и природен гас.

„Антропогените емисии (стакленички гасови предизвикани од човекот) се главниот двигател на овие зголемени температури“, рече Карло Буонтемпо, директор на службата Коперник, кога прелиминарните податоци беа откриени кон крајот на минатиот месец.

„Екстремните временски услови погодија милиони луѓе во јули, за жал тоа е суровата реалност на климатските промени и предвкус на иднината“, додаде тој.

„Ние сме на непозната територија и можеме да очекуваме да паднат повеќе рекорди како што Ел Нињо се развива понатаму и овие влијанија ќе се прошират до 2024 година. Ова е загрижувачка вест за планетата “, рече Кристофер Хјуит, директор на „Светската метеоролошка организација за климатски услуги“.

Во јули беше толку топло што „Коперник“ и „Светската метеоролошка организација“ објавија необична рана објава дека јули веројатно ќе биде најтоплиот месец, денови пред да заврши. Пресметките ги официјализираа во вторникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот