ВИДЕО: Јокиќ запиша 41 поен, Лејкерси останаа без плеј-оф

ЛА Лејкерс загуби во важниот меч против Феникс санс/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Изминатата ноќ во НБА лигата составот на Сан Антонио славеше против Денвер со резултат 97:116 во „Бол Арената“. Иако на стартот од последната четвртина Нагетси имаа само „минус четири“ негатива, на крајот загубија доста убедливо.

Кај Спарси со по 20 поени и осум скокови доминираа Келдон Џонсон и Девин Васел, а Џош Ричардсон запиша 18 поени (13 скокови). На спротивната страна не помогна фантастичната партија на српскиот центар Никола Јокиќ кој постигна дури 41 поен (17 скокови).

Денвер е на шестото место на Западот, последно кое води во плеј-офот, а Сан Антонио е на 10 позиција, последна која води во плеј-ин.

Лејкерси ги загубија и шансите за пласман во плеј-ин, во меч без право на грешка загубија од Феникс со 121:110.

Во составот на „езерџиите“ не беше Леброн Џејмс, а Расел Вестбрук со 28 поени и Ентони Дејвис со 21 поен и 13 скокови не можеа да ја спасат сезоната. За Санси најрасположен беше Девин Букер со 32 поени (седум скокови, четири асистенции), додека Деандре Ејтон додаде 22 поени и 13 скокови.

НБА лига, резултати –

Индијана – Филаделфија 122:131

Орландо – Кливленд 120:115

Бруклин – Хјустон 118:105

Мајами – Шарлот 144:115

Торонто – Атланта 118:108

Чикаго – Милвоки 106:127

Минесота – Вашингтон 114:132

Оклахома – Портланд 98:94

Денвер – Сан Антонио 97:116

Јута – Мемфис 121:115, 110:110 (по 1. продолжение)

Сакраменто – Њу Орлеанс 109:123

Феникс – ЛА Лејкерс 121:110

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот