ВИДЕО: Јокиќ се врати на терените и Денвер почна да реди победи

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“) блескаше уште еднаш во НБА лигата/фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Кошаркарите на Денвер нагетс ја остварија втората победа по ред откако во возбудлив натпревар беа подобри од Минесота со 93:91. Никола Јокиќ беше најдобар во тимот на Денвер со 26 поени и 19 скокови.

По слободните фрлања на Јокиќ, Денвер на 1.25 минути до крајот на натпреварот поведе до 93:89 и тоа беше најголема предност на натпреварот за тимот од Колорадо. Ентони Едвардс намали на 93:91 на половина минута до крајот на натпреварот, а потоа по загубената топка на Јокиќ, Минесота го имаше последниот напад на мечот.

Тогаш одлична одбрана одигра Вил Бартон кој го блокираше шутот на Малик Бизли, а Едвардс го промаши шутот од рекетот.
Покрај Јокиќ, добра игра прикажа и Монте Морис со 16 поени, додека кај Минесота се остакна Малик Бизли со 18 поени.

Сан Антонио спарс приреди изнанадување со победата над шампионот Милвоки бакс од 102:93 со што ја прекина серијата од четири порази по ред.
Дежонте Мареј го предводеше Сан Антонио со 23 поени и девет асистенции, додека Дерик Вајт постигна 17 поени. На Милвоки не му помогна ниту одличната игра на Јанис Адетокумпо кој оствари дабл-дабл од 28 поени и 13 скокови.


Мајами хит беше поуспешен од Мемфис гризлис победувајќи со 129:103 и тоа благодарение на одличниот шут за три поени. „Жешките“ постигнаа дури 21 тројка на натпреварот со што дојдоа до четвртата победа по ред. Прво име во победата беше Џими Батлер со 27 поени, Тајлер Хироу постигна 22 поени, додека кај Мемфис најдобар беше Џа Морант со 20 поени.


Ѕвездата на Феникс санс, Девин Букер својот 25 роденден го прослави со победа над Кливленд од 101:92. Букер беше најдобар во својот тим со 27 поени и девет асистенции за втора победа на Феникс сезонава.


Детроит пистонс ја оствари првата победа сезонава откако со 110:103 славеше над Орландо меџик. За Денвер конечно дебитираше првиот избор од драфтот, Кејд Канингем кој за 19 минути игра постигна два поени и имаше седум скокови. Најдобар во победничкиот тим беше Џереми Грант со 22 поени, додека кај Орландо се истакна Франц Вагнер со 19 поени.

Резултати:
Детроит – Орландо 110:103
Њу Орлеанс – Њујорк 117:123
Индијана – Торонто 94:97
Филаделфија – Атланта 122:94
Чикаго – Јута 107:99
Мемфис – Мајами 103:129
Милвоки – Сан Антонио 93:102
Минесота – Денвер 91:93
Голден Стејт – Оклахома сити 103:82
Феникс – Кливленд 101:92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот