ВИДЕО | Joкиќ повторно издоминира и си поигра со Шенѓун, Денвер славеше над Хјустон
Кошаркарите на Денвер славеа победа над Хјустон со 112–109 во натпреварите од НБА лигата изминатата вечер, која воедно важеше и за натпревар од Купот. Централната фигура и овојпат беше Никола Јокиќ, кој уште еднаш потврди дека цврсто го држи водството во трката за МВП признанието.
Препорачано
Српскиот ас одигра маестрален меч со 34 поени, 10 скокови и девет асистенции беше на само еден чекор до уште еден трипл-дабл. Посебно внимание привлече неговиот нов дуел со Алперен Шенѓун, откако претходната нивна пресметка на Евробаскет донесе бројни пофалби за Турчинот. Но, овојпат Јокиќ беше доминантен од првата до последната минута, јасно покажувајќи дека ривалот не може да го следи неговото темпо.
Клучниот момент се случи во третата четвртина при тесно водство на Денвер (53–51). Јокиќ прими топка на врвот на рекетот, со финта го натера Шенгун да тргне прерано, па брзо проби под обрачот. Турскиот центар се обиде да реагира, но заврши на „постер“ кога Јокиќ моќно заби преку него, потег што ја крена арената на нозе.
NIKOLA JOKIC RISE UP. 😤
— Hoop Central (@TheHoopCentral) November 22, 2025
Надвор од Денвер, ноќта донесе и неколку изненадувања: Бостон неочекувано падна пред Бруклин, Голден стејт беше поразен дома од Портланд, а Торонто стана првиот тим што обезбеди место во четвртфиналето од НБА Купот.
На останатите среедби од вечерта видовме и неколку изненадувања: Бостон неочекувано падна пред Бруклин, Голден Стејт беше поразен дома од Портланд, а Торонто стана првиот тим што обезбеди место во четвртфиналето од НБА Купот.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Индијана 120-109, Бостон – Бруклин 105-113, Торонто – Вашингтон 140-110, Чикаго – Мајами 107-143, Далас – Њу Орлеанс 118-115, Феникс – Минесота 114-113, Хјустон – Денвер 109-112, Голден Стејт – Портланд 123-127, Јута – Оклахома 112-144.
Преземено од: Спорт.ком.мк


