ВИДЕО: Јанис и Мидлтон донесоа израмнување во НБА финалето

Неверојатна партија на Јанис Адетокумпо/ фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Милвоки бакс израмни на 2:2 во големото финале на НБА лигата против Феникс санс откако во четвриот натпревар славеше со 109:103.

Потегот на натпреварот го направи Јанис Адетокумпо кој во последната минута го блокира шутот на Деандре Ејтон и тоа кога неговиот Милвоки водеше со два поени разлика.
По блокадата на Јанис, следеше серија од 6:2, а сите поени за Милвоки ги постигна Крис Мидлтон.

Ткму Мидлтон покрај Адетокумпо беше најзаслужен за победата на Милвоки постигнувајќи 40 поени, од кои десет во серија во одлучувачките моменти на натпреварот. Јанис Адетокумпо постигна 26 поени, а имаше и 24 скокови и осум асистенции.

На спротивната страна Девин Букер постигна 42 поени, но поради проблеми со личните грешки во второто полувреме поголем дел помина на клупата и тоа во моменти кога неговиот Феникс пропушти да направи двоцифрена предност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот