ВИДЕО: Историска вечер на трипл-дабл остварувања во НБА

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Рекордот од пред неколку дена од пет трипл-дабл остварувања во една вечер не траеше премногу бидејќи утринава дури шест кошаркари остварија вакво остварувања.
Никола Јокиќ, Џејмс Харден, Расел Вестбрук, Домантас Сабонис, Дрејмонд Грин и Бен Симонс дојдоа до трипл-дабл остварувања.


Џејмс Харден имаше најимпресивен трипл-дабл од 40 поени, 10 скокови и 15 асистенции во натпреварот против Индијана. Кошаркарите на Индијана во последната четвртина се обидоа да го удвојуваат неверојатниот Харден, но тој во тие моменти им постигна 14 поени и имаше шест скокови, а неговиот тим го доби последниот период со 11 поени разлика. Кај Индијана, трипл-дабл оствари Домантас Сабонис со 18 поени и по 11 скокови и асистенции.

Главен играч во победата на Голден Стејт над Хјустон од 108:94 изненадувачки не беше Стеф Кари, туку Дрејмонд Грин кој имаше учинок од 16 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

Никола Јокиќ не беше расположен за постигнување поени, но сепак одигра одлично за Денвер кој со 129:104 го совлада Шарлот. Јокиќ имаше учиник од 12 поени, 10 скокови и асистенции и го оствари 51. трипл-дабл во кариерата.

Од кошаркарите кои не остварија трипл-дабл, најимпресивна партија прикажа Лука Дончиќ кој речиси сам го победи ЛА Клиперс. Дончиќ постигна 42 поени во победата на Далас од 105:89 над Клиперси.

Резултати:
Детроит – Торонто 116:112
Индијана – Бруклин 115:124
Филаделфија – Милвоки 105:109
Вашингтон – Сакраменто 119:121
Чикаго – Сан Антонио 99:106
Кливленд – Бостон 117:110
Хјустон – Голден Стејт 94:108
Денвер – Шарлот 129:104
Мемфис – Мајами 89:85
Далас – ЛА Клиперс 105:89

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот