ВИДЕО | Исмаил: По двегодишна пауза започна со работа Планетариумот во МКЦ

Соња Исмаил програмски уредник при Младинскиот културен центар
Соња Исмаил програмски уредник при Младинскиот културен центар / Утрински брифинг

По две години пауза почна со работа планетариумот во Младинскиот културен центар.

Во него сите заинтересирани повторно ќе имаат можност да учат за планетите, ѕвездите, за се околу нас. Програмата предвидува содржините на предавањата да бидат прилагодени според возраста на групата која доаѓа во посета на планетариумот.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Соња Исмаил програмски уредник при Младинскиот културен центар.

-По две години пауза заради пандемијата одлучивме да го отвориме Планетариумот. Откако е изграден во него нема систем за вентилација. Се обидивме од повеќе институции да добиеме средства како би го санирале овој проблем. Ќе има значително помал број на посетители и да се врати во функција една од најпосакуваните точки во МКЦ, вели Исмаил.

-МКЦ за потребите на Планетариумот има извонредни предавачи – Моника Пешевска и Радан Митровиќ. Откако обајвивме дека се отовра Планетариумот, има навала од заинтересирани, две предавања веќе се целосно распродадени. Планираме секоја недела да организираме предавања. Ќе има детерминирани термини. Едни за дечиња од помала возраст, па се до повозрасни, додава таа.

Програмата наназад 40 години секогаш била адаптирана во зависност од аудиториумот. Се разговара на различни теми, комети, сончев систем, ѕвезди…

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот