ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Стојанчо Туџарски, експерт за ВИ: Вештачката интелигенција е веќе тука, само треба да знаеме како да ја користиме

Стојанчо Туџарски - експерт за вештачка интелегенција / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Последните четири години како што се развива вештачката интелегенција (ВИ) веќе имитирањето на стилот на пишување стана возможен. Процесот започна некаде во 2017 година со една нова технологија на градење на невронски мрежи измислена од Гугл. Ова технологија ги подобри резултатите на Гугл за пребарување и стана возможно пребарувачкиот систем на Интернет да се прашува со повеќе човечки особини. Сето тоа преку имплементација на моделот на ГПТ-2 од Опен АИ кој подоцна се прилагоди и на македонски јазик, стана возможно вештачката интелегенција да „пишува“ текстови, па дури и поезија на наши познати дејци – истакна експерот по (ВИ) Стојанчо Туџарски во гостувањето на емисијата „Утрински Печат“.

Тој додаде дека вештачка интелигенција која „пишува“ текстови, па дури и поезија не е новитет. Сепак според него она што е интересно е дека овој пат тоа е на македонски јазик, и вештачката интелигенција успеала да го ископира и стилот на Блаже Конески.

– Идејата е да се изведе style-transfer во областа на пишување, т.е. да може со помош на вештачка интелигенција да е „научи“ стилот на некој автор, и потоа во тој стил да се генерираат текстови на разни теми, за кои авторите не пишувале. Тоа веќе неколку години е се прави со слики и генерирање на слики во стиловите на познатите сликари, дури постојат и апликации за мобилните телефони кои го прават токму тоа. Но за style-transfer во областа на пишувањето, до сега нема сретнато пример. На интернет се појавија насоки како овој автоматски генериран софтвер да се насочува во одреден колосек. Тоа го искористив и успеав да генерирам поезија на Блаже Коневски – истакна Туџарски.

Познавачот во оваа сфера во разговорот истакна дека вештачката интелегенција преставува накратко многу статистика, множење на матрици и резултатот од тоа е показател колку со наједноставни математички операции и со брзи машини кои ќе испроцесираат брзи податоци колку може да се постигне.

– Вештачката интелегенција многу добро сега ги заменува контент креаторите односно луѓето кои креираат содржини. Наместо да смислуваат нови и нови идеи како да формулираат текст на некоја тема, веќе е можно со ГПТ-2, а и со ГПТ-3, само да им се наговести темата, и тие самите да генерираат неколку стотици варијанти на текстови на иста тема. Останува на авторите да го изберат најсоодветниот, и да го дотераат со ситни корекции спрема нивните специфични потреби – објаснува Туџарски.

Соговорникот објаснува дека Македонија изобилува со млади луѓе кои сакаат да работат во овој технолошки сектор полн со иновации и државата за тоа треба да се грижи овие млади луѓе да останат овдека. Според него ВИ е веќе присутна само ние треба да знаеме како да ја искористиме.

Повеќе од разговорот со експертот по ВИ можете да го погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот