ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Шаќири: Во „Ј.Х.Песталоци“ нормално се работи, со класот на Вања работат психолози

Јетон Шаќири - министер за образование / Фото: „Слободен печат“ / Методи Здравев

Убиството на малата Вања Ѓорчевска ја тресе јавноста неколку дена. На прашањата кој потфрли семејството, државата или системот, допрва ќе очекуваме одговори. Во училиштата паника и молк, но и шпекулации кој е виновен. Во приватните училишта психолозите побаа одговор од двајцата родители како секое дете гледа на убиството и како ја преживива целата ситуација. Дали Министерството за образование има препораки до државните училишта како да постапат во ваква ситуација одговор во утринската програма „Слободен печат“ на Слободна ТВ побараме од министерот за образование Јетон Шаќири.

-Бев во контакт со училиштето „Ј.Х.Песталоци“ во кое учеше  убиената Вања Ѓорчевска пред два дена. Фактот дека класната веднаш реагира дека Вања не дошла на училиште е за поздравување. Во моментов во истото училиште наставата продолжува, продолжува нормално да се работи и во класот на девојчето, цел тим на психолози и педагози учествуваат во целиот процес- вели Шаќири.

Фактот дека класниот раководител веднаш пријавил дека Вања не се појавила во училиште треба да биде пример како се соработува со родителите, како се комуницира меѓу родители, наставници и деца кога некој не се појавува на училиште.

-Некои училишта побараа стручна помош за да можат на вистински начин да се справат со цела ситуација. Со сите стручни служби имавме обуки во текот на летото во кои беа вклучени родители и стручната служба. Но не значи дека само стручни служби треба да реагираат. Тука се и наставниците, но и семејството и секако стручни служби. Наставниците постојано треба да се во комуникација со родителите- вели Шаќири.

Според него во „Ј.Х.Песталоци“ има добра комуникација меѓу службите во училиштето, наставниците и децата, но и директорката во насока на решавање на тековни проблеми.

-Случајот со Вања треба да биде пример дека комуникацијата е клучна за брза реакција- вели министерот.

На прашањето дали во Карбинци имаше обид за киднапирање Шаќири вели дека не треба да се земаат секакви вести како вистинити.

-Таква беше и реакцијата за киднапирање во штипско јас верувам само во официјални информации. Ученичката пријавила, но излегло дека е сосем спротивното- вели Шаќири.

Целото интервју со министерот за образование Јетон Шаќири погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот