ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Сеад Џигал, комуниколог: Пандемијата заврши, инфодемијата сè уште трае

Професор Сеад Џигал - комуниколог/ прингскин - Youtube

Војната со зборови, лаги и дезинформации, преку зголемената информациска битка за вистината меѓу Русија и онаа на Западот околу Украина во услови на еден не регулиран интернет простор каков што го имаме во Македонија но и регионот, ги прави државите порозни на манипулативни содржини кои допираат до граѓаните. Брзината со која што денес се шират дезинформациите преку дигиталните платформи и онлајн медиумите загрижува а институциите за жал немаат капацитет да се справат со овој проблем бидејќи истиот е комплексени и тежок. Затоа неопходно е да има повеќе кампањи за медиумска писменост, поголема меѓуинституционална соработка во насока на искоренувањето на овој феномен во општеството но и поголема вклученост на граѓаните во развивање на дигитални вештини и критичка проценка за тоа што е вистина а што е лага. Ова меѓудругото го истакна професорот и аналитичар Сеад Џигал при гостување во емисијата „Утрински печат“.

Според Џигал состојбата со дезинформациите и пропагандата во земјава, говори дека одреден дел од медиумите во земјава се подлежни на дезинформации. Тој во разговорот се осврна и на манипулативните содржини од политички карактер и видеа за војната во Украина кои се објавуваат на Тик Ток.

– Македонија нема капацитет да се справи со дезинформациите. Но еве доколку се случи да има забрана за социјалната мрежа Тик Ток по случувањата во соседна Србија и најавите на домашните власти за по строга регулација на истата, прашувам дали со тоа ќе се решат причинителите на проблемите? Секако дека не. Бидејќи зборуваме за една нова дигитална генерација која што растела со интернетот и младите се многи вешти. Со други зборови, ако вие им укинете еден комуникациски канал во овој случај Тик Ток, тие ќе мигрираат, ќе се префрлат на Инстаграм, Ватсап, Фејсбук и ќе ги користат содржините пласирани на тие социјални мрежи. Сакам да истакнам дека тоа не е решение. Решението можеби некогаш треба да биде малку подлабинско и поригорозно и да се однесува за укинување на некоја апликација или софтвер кој може да ги загрози корисниците, но искуството пак од друга страна вели дека на интернет многу тешко е нешто да се регулира. Едно е вие да затворите ТВ станица или радио, друго е на интернет да забраните социјална мрежа каде во ист момент се јавуваат многу други исти такви – објаснува Џигал.

Комуникологот посочува дека иако пандемијата од ковид -19 заврши за жал инфодемијата за жал сè уште трае.

– Не постојат брзи решенија за борбата против дезинформациите. Како што видовме пандемијата заврши. На почетокот од неа, СЗО зборуваше за феноменот инфодемија. Таа борба со вирусот со информации, штетните влијанија од нив кои тогаш се пласираа беа и се уште се штетни и многу сложени. Тоа е така бидејќи се одвиваат преку интернет и преку персонализирани мрежи итн. Она што е позитивно во однос на ова прашање е дека светските искуства говорат дека всушност може да се намалат штетните влијанија од социјалните мрежи, што е за поздравување – резимира Џигал.

Професорот Џигал објаснува дека населението но и поединците треба да се едуцираат во насока на препознавање и рана детекција на овие до некаде и конспиративни содржини на интернет. Затоа според него потребно е да се работи на развивање на дигиталните вештини кај граѓаните, а посебно кај младите.

– Гледајќи од личен агол, како родител, професор, едукатор и сл. мораме да бидеме лични актери во оваа приказна за справувањето со невистините. Едноставно кажано, како што се боревме со вирусот и поединечно и групно, но и колективно така треба да се бориме и со овие модерни предизвици кои ги влијаат и на здравјето на граѓаните. Институциите треба да си придонесат во свој дел во однос на своите активности, тука велам за зголемување на т.н. дигитална хигиена, сајбер безбедност, проверка и филтрирање на информациите. Во исто време се вели дека во борбата со дезинформациите многу важен е и одговорот на истите. Затоа доколку имаме навремена реакција на институциите со пласирање на вистински и проверени информации до граѓаните за некој проблем ќе се намали можноста општеството да биде лесна мета на невистини и последиците од нив. Но, за жал, домашните институции варијабилно интервенираат и регираат на овие појави. Некогаш тие се поактивни, но некогаш не се. Се зависи од тоа дали станува збор за важно политичко прашање кое ним ги засега или не – заклучува Џигал и додава дека тоа е поразително за нашата држава.

Професорот Џигал во емисијата говореше и за каде е рускиот дел од приказната со дезинформациите во регионот, што тоа значи т.н. „доктрината на Герасимов“ интернет војување последицит од него, проблемите со кои се соочува земјава при креирање на јавното мислење и друго.

– Несомнено е дека до некаде заврши процесот на дигиталната трансформација каде што медиумите се обидуваа да ги најдат своите корисници како некој вид на бизнис модели, каде што општествата ги проценуваа негативните односно позитивните аспекти од слободниот интернет. Сега е дојден период каде се согледуваат негативните последици од интернетот. За жал тоа кај домашните институции минува со премолчување. Не доволно се активни и граѓанитене можат сфатат колку може всушност да биде опасно тоа за општество. Ги видовме трагедиите од соседството и сите наеднаш сфативме колку всушност тоа може има штетно влијае со зголемување на насилството, агресијата кај младите особено во нивниот период на развој. Иако, сега се гледа дека сите нешто се обидуваме да направиме, да импровизираме нешто паметно сепак потребен е општествен координиран сектор на активности со кои интитуциите би морале да покажат лидерство во справување со овој проблем а не пасивност – додава Џигал.

Повеќе од разговорот со комуникологот Сеад Џигал можете да погледнете во видеото во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот