ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Проф. Шапуриќ: Имаме добри регулативи во еколошката област, но треба да ги применуваме

Зоран Шапуриќ - професор на Американ колеџ / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Квалитетот на современото живеење е условен од квалитетот на животната средина и тоа е условот населението да биде здраво.

-Квалитетот на животот на човекот и неговото здравје е условено од еколошката средина од одржливиот развој и од однесувањето на човекот во природата и општеството. Тоа подразбира дека во општеството мора да посветиме внимание на квалитетот на воздухот, на водата и земјиштето. Потоа подразбира целосно вклучување на стандардите за обезбедување од индустриско загадување од исфрлање на отпадот, незагадување на водата, воздухот и почвата. За загадувањето на воздухот, пред се на главниот град Скопје влијаат многубројни фактори, а тоа се позицијата на скопската котлина, потоа постои пренаселеност во градот и зголемена присутност на граѓани како резултат на концентрацијата на институциите во Скопје. Таквата состојба доведува реално до зголемување на загаденоста на воздухот со исклучително штетни материи што директно влијаат врз здравјето на луѓето. Ова го истакна проф. д-р Зоран Шапуриќ во денешната емисија „Утрински печат“ на Слободна ТВ.

Со промена на правната регулатива може да се влијае на долг рок во подобрување на состојбите во еколошката средина во интерес на граѓаните и нивниот квалитетен живот.

-Просторно планирање, кое не ги почитува некои општи правила и природни услови, како и масовната изградба на објекти со уништување на зеленилото и дрвјата и со недостиг од соодветна инфраструктура се збир од фактори што влијаат врз квалитетот на животот и може да се менуваат со правна регулатива. Сметам дека се потребни нормативи во оваа сфера и треба да се ограничат одредени постапки, како што е градбата на објекти не само во центарот на градот, туку и во други општини. Постојат позитивни примери на развој на градовите во регионот што може да ни бидат добар пример, но за тоа е потребно многу време.

Економскиот развој на општините е еден од битните фактори со кои се подобрува животот на населението на локално ниво, а истовремено не се принудени да мора да се преселат во Скопје.

-Во Скопје живее постојано и повремено повеќе од 1/3 од вкупното население во државата и тоа се должи на немањетро локален развој, каде што луѓето не би имале потреба да се иселуваат. Сметам дека економскиот развој на локално ниво е клучен фактор за подобрување на животот на луѓето и Македонија да успееше да ги одржи компаниите и да создаде услови за отворање нови производствени капацитети ќе постигнеше правилна распределба на населението. Денес македонското општество е во ситуација која бара стимулирање во спротивна тенденција, а тоа е враќање на луѓето во локалните средини, односно од Скопје во правец на другите општини. Освен отворање одредени капацитети во земјоделието кое има потенцијал, може да се размислува и за дисперзија на некои државни институции, агенции, управи и директорати со цел да се покаже определбата на државата дека има политика на развој на сите локални средини. Нашето законодавство во најголема мера е усогласено со земјите на ЕУ, но ние немаме соодветна примена – вели професор Зоран Шапуриќ.

Целиот разговор со проф. д-р Зоран Шапуриќ погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот