ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Контраофанзивата ја растегнува руската одбрана, дали ќе успее да ја пробие е тешко предвидливо

Методиј Хаџи Јанев - професор / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Осумте километри квадратни за коишто напредна украинската армија на Истокот во Украина е простор којшто е направен од некои единици е сосема мал и минорен во однос на што треба да се ослободува. Меѓутоа податоците од терен коишто доаѓаат од независни медиуми говорат дека контраофанзивата не оди онака како што била планирана, особено затоа што има големи загуби во оклоп, артилерија и на единици коишто се нападнати во движење што самото по себе говори дека дел од овие дивизии немале соодветна воена поддршка. Накратко украинската контраофанзива ја растегнува руската одбрана, но колку ќе успее истата да ја пробие засега е тешко да се предвиди, вели универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев при денешното гостување во емисијата „Утрински печат“.

Доколку зборуваме за вистински ефект од оваа украинска контраофанзива мора да ги посочиме главните два елементи на истата. Прво тоа е масовноста во луѓето и брзината со која таа се одвива. Во однос на техниката и опремата која се користи гледаме исто така два спротивни концепта. Едниот е рускиот кој почива на масовност и многубројна употреба на артилерија и другиот е оној украинскиот кој се темели на голема прецизност со софистицирани средства. Тука повторно се јавуваат две разлики а тоа е дека предноста е голема доколку имате софистицирани опрема со којашто со малку средства се добива многу повеќе на теренот, но проблемот е дека потребни ви се многу средства за да се снабдите за нападите кои пак чинат многу пари. Од друга страна пак, Русија оди со застарена тактика на масовно бомбардирање со стари евтини артилериски зрна, начин на војување кој по се изгледа сè уште дава резултати – вели Хаџи Јанев.

Хаџи Јанев објаснува дека исто така треба да се напомене е дека руската одбрана е формирана на многу комплексен начин во неколку слоеви што утврдувањето на борбените позиции е одлично направено кое пак чини претешко за пробивање на борбената линија од страна на украинските сили.

Повеќе од разговорот со професорот Хаџи Јанев погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот