ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Драган Тилев: Ние сме во процес на преговори со ЕУ кој не смееме да си дозволиме да не го затвориме
Скрининг процесот е дел од пристапните преговори кои Северна Македонија ги започна и во тоа нема дилема, ние сме во процес на преговори со ЕУ кој не смееме да не го затвориме, вели за „Утрински печат“ Драган Тилев, државен советник во СЕП.
Препорачано
-Но, за да го затвориме мораме да пристапиме кон брзи промени на Уставот и да влеземе во нормална траекторија. Ако тоа не се случи продолжувањето на нашите преговори ќе се комплицира затоа што во 2024 ќе се случат изборите во Европскиот Парлемент, Европската Комисија ќе има нов претседател, како и нов претседател на Европскиот Совет. Сето тоа создава нов амбиент и влијание на динамиката на носењето на политичките одлуки, вели Тилев.
Според него најдобар период да се завршат уставните промени е токму почетокот на идната година.
-Велам 2023 година првата половина е од исклучителна важност за нас. Ние сме во еден процес во кој не смееме да си дозволиме да не го затвориме, рече Тилев.
Целото интервју со Драган Тилев, погледнете го во видеото:


