ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Цветанка Макаревска, Федерација на лизгачки спортови: Започнува меѓународниот натпревар во уметничко лизгање

Цветанка Макаревска - федерација на лизгачки спортови / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Претседателката на Федерацијата на лизгачки спортови на Македонија, Цветанка Макаревска во гостувањето на „Утрински печат“ раскажа за престојниот меѓународен натпревар во уметничко лизгање кој се одржува седма година по ред.

„Секоја година се обидуваме да го промовираме овој спорт не само во Македонија, туку и надвор. Ова е една одлична можност сите наши спортисти да застанат рамо со рамо со спортистите од другите земји. Оваа година има учесници од Србија, Бугарија, Италија, Грција и Македонија, односно има 70 спортисти кои за два дена ќе имаат можност да соберат поени и да освојат медали“ вели Цветанка Макаревска.

Според неа, во Македонија има многу талентирани деца за овие спортови, не само за уметничкото лизгање.

Макаревска се осврна и на притисоците со кои се соочува таа како претседателка на оваа Федерација. Разговарајќи за лизгалиштето „Кале“, таа вели дека зад тоа лизгалиште постојат доста спорни моменти и закани со кои таа се соочува.

„Лизгалиштето „Кале“ е дадено на нашата Федерација на 30 години концесија. Пред речиси три години, обидите да се стави во функција на еден таков спортски центар, кој може да биде дом на пет олимписки дисциплини, не се најде никакво решение. Мене ми е жал што постои еден таков објект, таква руина во центарот на градот, што не можам да поверувам дека ниту една институција или човек со кој што сум разговарала, да не се заинтересира не заради мене или Федерацијата, туку за спортот и спортистите, но и за рекреативците, бидејќи овој град заслужува да има зимски рекреативен центар“ објасни Макаревска.

Целиот разговор може да го погледнете на линкот во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот