ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Андревски: Македонија треба да најде златна хармонија историските и долгогодишните проблеми што ги решава и дневните проблеми на луѓето
„На целиот Балкан, на кој ние за жал се вклучуваме и во тој дел што не е најдобар, политичките партии форсираат дека се во изборна фаза, без оглед дали се на опозиција или на власт. Постојана е борбата тоа што тие го мислат или прават да биде подобро прикажано, да не биде соочено со вистина“, изјави професор доктор Живко Андревски, комуниколог, во утринската програма на „Слободен печат“ на Слободна ТВ.
Препорачано
Тој додаде дека во последниве две-три години во нашата држава откако се отвара просторот дека ќе има предвремени избори, опозицијата има право тоа да го бара, а власта да одговара, во таков простор многу работи се надвор од функционален развој на општеството на државата, на решавање на правната сигурност на луѓето.
„Медиумите мора да го форсираат тоа што и помага на државата“, посочи Андревски.
Во однос на уставните измени Андревски додаде дека со високи критериуми пристапува кон вреднувањето на политичкото живеење на Република Северна Македонија и дека мал дел од политичките процеси соодветствуваат на потребите на времето и на иднината. Тој дополнително додаде дека како граѓанин е многу тивок, проценувајќи дека е тешко да се влијае каде се застапени повеќе тие што многу викаат и врескаат, отколку да се бара начин.
„Македонија треба да најде златна хармонија историските и долгогодишните проблеми што ги решава и дневните проблеми на луѓето. Немаме простор за луксуз да се занимаваме само со глобални прашања и историја, а да ги запоставиме малите прашања“, заклучи Андревски.
Целото интервју погледнете го во продолжение:


