ВИДЕО | Инцидент во ’Ржаничино: Нападнат судија на фудбалски натпревар

Фото: Стефан Даскалов

Инцидент во кој беше нападнат главниот судија се случи денеска во натпреварот помеѓу екипите на ФК Ржаничино – ФК Гоце Делчев кој заврши со победа на домаќините од 2:1.

Натпреварот беше битка за првата позиција на табелата и место во ранг погоре (Трета лига). Гостинскиот тим Гоце Делчев во натпреварот влезе како лидер на табелата со три бода предност, па му одговараше и реми, но на крајот го загуби натпреварот.

Имаа предност гостите од 1:0 со гол во почетните минути, но домаќините го изедначија резултатот до крајот на првиот дел, а во вториот со гол од пенал и ги поставија конечните 2:1. По натпреварот дел од фудбалерите и стручнниот штаб на ФК Гоце Делчев тргнаа физички да го нападнат главниот судија по што реагираше и полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот