ВИДЕО I Забава се претвори во трагедија: Свлечиште уништи ноќен клуб, при што загинаа најмалку седум лица!

Најмалку седум лица загинаа рано утрово во Колумбија кога свлечиште уништи ноќен клуб.

На северот на Колумбија, поради обилни дождови, одрон однесе мал ноќен клуб во близина на градот Валдивија, каде се забавуваа околу 20 лица, околу еден час по полноќ, изјавија властите.

Девет лица беа повредени, а спасувачите трагаат по луѓе кои би можело да се затрупани.

Властите апелираа граѓаните да не се приближуваат до местото на несреќата за да се спречи ширењето на вирусот корона.

Обилните дождови во Колумбија убија 33 лица овој месец, а најмалку 61 000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Одронот најсилно ја погоди планинската држава Антиокија, при што загинаа 12 лица, вклучително и убиените во ноќен клуб и беше блокиран патот што го поврзува нејзиниот главен град Меделин со карипскиот брег.

За да се спречи ширењето на вирусот корона, Колумбија нареди затворање на сите клубови и кафулиња од 17 ноември.

Сепак, оваа мерка не се почитува насекаде, особено не во руралните области како што е Валдивија.

Коронавирусната инфекција е потврдена во Колумбија кај повеќе од 1,2 милиони луѓе, од кои 35 000 починале. Откако ги укина повеќето ограничувања во септември, земјата сега регистрира околу 8.000 нови инфекции секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот