ВИДЕО I Тивок протест на ресторан во Приштина одекна во светот: Отворете за нас, ќе ви помогнеме да ја пронајдете вакцината!

Тивкиот симболичен протест на угостител од Приштина стана вест во целиот свет. Вниманиоето го привлече невообичаениот начин на кој сопственикот на ресторанот се реши да го искаже својот револт. Петрит Клокоќи, сопственик на ресторанот“ Баголина“ во главниот град на Косово, ги наполни столчињата на масите со облечени кукли кои се поставени да создадат илузија дека јадат појадок и ручек, исполнети со менија и шишиња вино.

„Никој не може да ни ја преземе работата! Клиентите се оние кои ни даваат волја за работа. Ние сакаме да работиме и подготвени сме да придонесеме за обезбедување вакцини за нашиот персонал. Решението сега постои! Вакцина“, се вели во постот на ресторанот на Фејсбук.

Косово го започна двонеделното затворање поради зголемувањето на бројот на позитивни случаи. Просториите и баровите се исто така затворени и дозволена е само достава. Од почетокот на епидемијата на Косово, починале 1926 граѓани, каде според лекарите, повеќето имале истовремени болести.

Европската телевизиска мрежа Еуроњуз напиша статија за овој протест, велејќи дека косовскиот сопственик на ресторанот, Петрит Клокоќи, одржува тивок протест во име на сите ресторани, заради антиковид мерките преземени од Владата на Косово.

„Клокоќи, кој е претседател на Здружението за гастрономија на Косово, вели дека одржува тивок протест во име на сите ресторани“, се вели во нивниот напис.

Владата на Косово од 7 април ја затвори гастрономијата и сите трговски центри за да спречи ширење на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот