ВИДЕО I Нова ерупција на вулканот Етна: Спектакл каков што не паметиме со децении

Ерупција/ Фото: youtube/printscreen

Вулканот Етна повторно еруптира. Неговата активност почна во минатата недела, а вулканот со денови облаци од чад и пепел. Водоскокот што вчера го исфрлуваше Етна достигна 1.500 метри, пишува британски „Гардијан“.

Етна е најактивен вулкан на европскиот континент, а вечерашната ерупција, според многумина, е опишана како најспектакуларна во последните неколку декади. Последната голема беше регистрирана во 1992 година.

Ерупциите на Етна ретко предизвикуваат материјални штети или човечќки жртви, пишува „Би-Би-Си“, па затоа локалните власти не очекуваат дека денешната ќе направи поголеми проблеми.

– Оваа со сигурност беше една од најспектакуларните ерупции во последните децении, изјави Борис Бенке, вулканолог од Националниот Институт за геофизика.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот