Фото: Икс

ВИДЕО | Хрватска, Косово и Албанија ќе произведуваат оклопно возило, го крстија „Шота“

Косово, во соработка со Албанија и Хрватска, планира да започне производство на оклопното возило „Шота“, што би бил прв заеднички проект од ваков тип на Балканот. Веста ја потврди в.д. министерот за одбрана на Косово, Ејуп Мачедонци, наведувајќи дека разговорите со Албанија се во завршна фаза, по што договорот ќе биде проширен и на Хрватска, пишува Кликс.ба.

Во во интервју за емисијата „60 минути“, пренесено од порталот „Коха“, тој изјави дека партнерите веќе постигнале начелен договор за заеднички развој и производство на возилото со албански дизајн. Според него, производството би било географски распределено, така што секоја земја би била задолжена за изработка на различни компоненти.

Доколку проектот се реализира, тоа ќе биде првпат три балкански држави заеднички да произведуваат воено оклопно возило, кое би било наменето за нивните вооружени сили, но и за извоз. Оваа иницијатива е продолжение на меморандумот за соработка во областа на одбраната и безбедноста што Косово, Албанија и Хрватска го потпишаа во март во Тирана, при што е оставена можност и за приклучување на други земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот