ВИДЕО: Христов: Фаворити сме против Грузијците

Поранешниот македонски репрезентативец, Ѓорѓи Христов, верува дека Македонските репрезентативци во четврток во Тбилиси против Грузија се фаворити и ќе обезбедат историски пласман на Европското првенство.

Да, фаворити сме од повеќе причини. Првата и основна причина е кога ќе се погледнат двете репрезентации поединечно ќе видиме дека во Макеоднија има повеќе играчи како никогаш досега што играат во најквалитетноите европски лиги за разлика од Грузијците. Од таа причина мислам дека сме фаворити. Имаме добра серија, подолго време репрезентативците играат заедно, а Грузија дефинитивно не е подобар противник од Косово – вели Христов за емисијата СЕГА Е НАШЕ ВРЕМЕ на ФФМ ТВ.

Одличниот напаѓач кој 49. пати го облече националниот дрес, смета дека нема тајни помеѓу Македонија и Грузија кои во изминатите два месеци, два пати играа меѓу себе во новото издание од Лигата на нации, но верува во Пандев, Елмас, Барди и останатите дека ќе остварат историски успех иако голема улога ќе има и пандемијата на коронавирусот.

– Можеби последниот натпревар не е некое мерило бидејќи и двајцата селектори тактизираа. Но, доколку се навратиме на натпреварот кој се играше во Тбилиси знаеме како заврши: Ќе биде специфичен натпревар, историски за двете репрезентации. Буквално е сега или никогаш, прашање е дали ќе имаме подобра репрезентација од оваа, а и доколку имаме дали ќе има и ваков тип на квалификации за да стигнеме до чекор до едно големо европско натпреварување. Лично мислам дека нефудбалски фактор ќе одлучува. Сведоци сме на пандемијата. Таа репрезентација што ќе има среќа и ќе ја заобикли вирусот ќе има поголема шанса да победи. Ниту ние ниту Грузијците имаме широк ростер на играчи и знаеме колку е важно да сме комплетни. Знаеме што значи за репрезентацијата да се имаат Пандев, Барди… во тимот – вели Христов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот