ВИДЕО| ХАОС во Аргентина: Тренер ранет во престрелка на трибини за време на натпревар

Во Аргентина беше избегната трагедија/принтскрин/јутјуб

Натпреварот во третата аргентинска лига помеѓу Хуракан де лас Херас и Фера Карила Оесте се претвори во пекол по вербалната и физичката пресметка помеѓу навивачите во која беше употребено дури и огнено оружје.

Кулминацијата на пресметката помеѓу двете навивачки групи се случи во 79 минута кога од трибините се слушнаа истрели од огнено оружје.

Тренерот на гостите, Маурисио Ромеро е погоден со истрел од огнено оружје во предел на левото рамо, и за среќа не се наоѓа во животна опасност.

Натпреварот е продолжен по прекинот кој траеше 30-тина минути, а на трибините имаше околу 1.000 навивачи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот