ВИДЕО | Халили: За да имаме кредибилен попис во кој ќе веруваат граѓаните, требаше да се разјасни зошто тој во 2011 пропадна

Законот за попис е усвоен. Евиденцијата на населението и имотот ќе биде изведен во април. Без оглед што Законот доволува пописот да се одржи во вакви услови, сѐ уште не сме имуни на лицитацијата и тоа лицитација која има националистичко-шовинсистички призвук, кој е поброен, дали Заев и Ахмети се договорија Албанците да бидат 30 или 40%, Македонците да се намалат, дали сме 2 милиони и 100 илјади или како што самиот директор на Заводот за статистика вели нема да бидеме повеќе од милион и 600 илјади. Главната поента е дека ќе се попишува резидентното население, односно оние жители кои не заминале во странство пред повеќе од една година.

-За жал може да претпоставиме дека има шовинисти, но во споредба со деведесетите таа бура на шовинизам од било која етничка припадност е спласнат, но за жал се повторува од одредена политичка партија, која иако има интелектуален и политички капацитет пописот го смета како политички и како акција која има за цел да го зголемува бројот на одреден етникум во случајов Албанците и тоа е жално. Ние имавме еден процес кој не успеа да се изведе до крај од самата политичка партија во 2011 и причините до ден денеска не ги знаеме. Јас сметам дека за да имаме кредибилен попис во кој ќе веруваат сите граѓани во државата требаше де се разјаснат околностите зошто пописот во 2011 пропадна, изјави во Утрински брифинг Мухамед Халили, екс пратеник и амбасадор.

Разговорот во Утрински брифинг со Мухамед Халили, екс пратеник и амбасадор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот