ВИДЕО | Голема акција на Европол: Разбиена мрежа на шверцери на дрога во Албанија и Италија

Архива на СП

Европската полициска агенција Европол денеска соопшти дека разбила мрежа на шверцери на големи количества кокаин, канабис и хероин, а дрогата претежно од Албанија одела во Италија.

Во акцијата во која учествувале околу 350 полицајци, уапсени се 30 осомничени и претресени 30 локации, а запленети се пет пушки, еден пиштол и шест возила, се наведува во соопштението на Европол, пренесува Ројтерс.

Во ноември 2022 година, Европската агенција за следење на дрога и зависност од дрога (ЕМЦДДА) објави извештај според кој криминалните кланови од Западен Балкан станаа клучни актери во трговијата со дрога на ниво на регионот и на целата Европска Унија.

Голема акција на Европол: Уапсени 92 криумчари на мигранти на балканската рута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот