ВИДЕО: Голден Стејт е првиот финалист во НБА лигата

Голден Стејт по шести пат во последните осум години ќе игра во големото НБА финале/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Голден Стејт обезбедија пласман во големото НБА финале откако во петтиот натпревар славеа со 120:110 над Далас и победија во финалето на Западната конференција со вкупни 4:1 во победи. Ова ќе биде шесто финале за Голден стејт во последните осум години.

„Воините“ од првата минута на натпреварот ја имаа контролата на натпреварот, првата четвртина ја добија со 28:23, а одлучувачката предност ја направија во втората четвртина која ја решија во своја корист со 41:29 и на одмор заминаа со предност од 17 поени. Во вториот дел, предноста се зголеми на 25 поени, со што беа решени сите дилеми околу победникот.


Клеј Томпсон со 32 поени и со погодени осум тројки од 16 шута беше најдобар кај Голден Стејт, а добра партија одиграа и Ендрју Вигинс со 18, Дрејмонд Грин со 17, Џордан Пул со 16 и Стеф Кари со 15 поени.

Во редовите на Далас, вообичаено Лука Дончиќ беше најпрецизен со 28 поени, но со слаб шут на реализација, додека Спенсер Динвиди постигна 26 поени.

Во големото НБА финале, Голден Стејт ќе игра со победникот во Источната конференција каде моментно води Бостон со 3:2 во победи над Мајами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот