ВИДЕО: Гол на Несторовски против тимот на Андреа Пирло во Серија Б

фото: instagram.com/ascolicalcio1898fc/

Денеска во деветтото коло од втората италијанска фудбалска лига Асколи дома ремизираше 1:1 против Сампдорија на чија клупа е славниот Андреа Пирло.

Непосредно пред крајот на првото полувреме македонскиот напаѓач Илија Несторовски по асистенцијата на Фаласко донесе водство за домаќините (1:0). Тоа е прв погодок во шестиот настап за Несторовски за неговиот клуб сезонава во шампионатот.

Во 51 минута гостите од пенал кој го реализираше Борини го избегнаа поразот. Ова е веќе четврто реми за фудбалерите на Асколи сезонава во Серија Б за моментно 13 место на табелата со девет бодови.

Асколи во следното коло против Леко на гостински терен на 21 октомври.

Голот на Несторовски на 01:43 мин. од видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот