ВИДЕО | Ѓоковиќ: Австралија? Тешко е да се објасни, како нешто да ме кочи!

Новак Ѓоковиќ
Бидејќи не беше вакциниран против ковид-19 не настапи на „Австралија опен“/ Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Новак Ѓоковиќ во интервјуто за „Tennis Channel“ зборуваше за враќањето од Австралија и за тешкотиите по сè што се случи. Најдобриот светски тенисер помина низ „пекол“ во Мелбурн, а како што вели, сето тоа оставило последици, колку и да се трудел сè да остави зад себе.

– По враќањето од Австралија, морам да признаам, можеби ја потценив емоционалната состојба во која се наоѓав. Си помислив, знаеш, добро, јас сум надвор од Австралија, тоа е тоа. Што се случи, се случи. Но, во месеците што следеа, почувствував дека емоционалните и менталните траги од она што се случува таму сè уште се присутни.

Дури во последните неколку недели почнав да излегувам од тоа и да користам сè што се случи како позитивна енергија. Никогаш во животот не сум се соочил со такви околности, тоа си го зеде данокот психички и емоционално. Се обидов на секој следен турнир да му пристапам како и на секој друг, но сфатив дека не е така лесно да се ослободи од сè, од тоа чувство.

Не знам, тешко е да се објасни. Го немам вистинскиот збор, но се чувствувам како нешто да ме кочи. Особено на првите турнири – рече Ѓоковиќ.

Српскиот ас моментно настапува на Мастерс турнирот во Мадрид (Шпанија) каде во четвртфиналето денеска треба да ги одмери силите против Полјакот Хурберт Хуркач.

Познато е кога Ѓоковиќ ќе игра на „Австралија опен“ доколку добие дозвола од судот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот