ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

epa09297310 Cristiano Ronaldo of Portugal celebrates aftter he scored a goal during the Portugal vs. France match in the third round of Group F of the Euro 2020 soccer tournament in Puskas Ferenc Arena in Budapest, Hungary, 23 June 2021. EPA-EFE/Zsolt Szigetvary HUNGARY OUT

Вечерва и официјално заврши групната фаза на Европското првенство со последните натпревари од групата „Ф“, доста ефикасно со многу голови, Португалија ремизираше 2:2 со Франција, а со истиот резултат заврши и мечот Германија – Унгарија. 

На стадионот во Будимпешта поведоа Португалците со голот на Роналдо од пенал во 31 минута, а со иста мера возврати Бензема непосредно пред паузата (45+2`).

На стартот од вториот дел Бензема по вторпат се запиша во листата на стрелците, а Роналдо во 60 минута повторно беше прецизен од белата точка.

На стадионот во Минхен исто така беше драматично, Унгарците изненадувачки во 11 минута дојдоа во предност со голот на А. Шалаи. Израмни Хаверц во 66 минута по додавањето на Хумелс, но радоста на Германците траеше само 120 секунди, бидејќи Шафер ја врати Унгарија во позитива. Вториот погодок за Германците го реализираше Горецка во 84 минута на „Алијанц Арената“.

Роналдо е дефинитивно „синоним“ за рекорди, откако на стартот од ЕП го престигна славниот Мишел Платини и стана најдобар стрелец во историјата на континенталните шампионати, со вечерашните погодоци надмина уште еден рекорд.

Сега го надмина и легендарниот Мирослав Клосе и стана играч со најмногу голови на големите натпреварувања (Светско првенство и Европско првенство). Португалецот има 21 гол, а Клосе остана на 19.

Воедно Роналдо го израмни рекордот на иранскиот фудбалер Али Даеи по бројот на голови за националната репрезентација. Двајцата имаат по 109 постигнати голови за своите репрезентации, а можно е наскоро Роналдо да биде најдобар и во оваа статистика.

Евро 2020

Група „Ф“
3. коло, резултати –

Германија – Унгарија 2:2
Португалија – Франција 2:2

Конечна табела:

1.Франција 4:3 5 бодови
2.Германија 6:5 4
3.Португалија 7:6 4
4.Германија 3:6 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот