ВИДЕО | Галевски со Топ 10: Фантастични филмови кои се раскажуваат во една приказна

Влатко Галевски, филмски критичар/Фото: Слободен печат

Филмскиот критичар и рецензент Влатко Галевски во гостувањето во Утрински брифинг ја претстави својот топ 10 избор на најдобри филмови.

-Ова е мој личен избор, но ќе се совпадне со некои други вкусови. Дел од филмовите се достапни на интернет, но голем дел од филмовите се фестивалски, не се блокбастери, тоа се арт филмови кои одат на фестивали, рече Галевски.

Еве ја неговата Топ 10 листа:

10. „Бројач на карти“ на Пол Шредер, врвни сценаристи во филмската уметност, со интересен заплет за комар.

9. „Уште една рунда“, на Томас Винтерберг за возрасни кои почнуваат да ги истражуваат своите лимити со алкохолот и претеруваат. Филмот доби Оскар за најдобар филм.

8. „Слава“ – француски спортски филм, со подлабока тема – сексуално злоставување кој наликува, на нашиот „Исправи се Делфина“.

7. „Звукот на металот“, за човек кој е тапанар кој во еден момент оглувува и не може да се бави со својата професија и тоа е добар психолошки филм, исклучително вредно дело.

6. „Сестри“ на Дина Дума, кој според темата, актуелноста, според начинот на кој младите комуницираат, таа youth филозофија – одличен филм кој мора да се погледа. Го има на Нетфликс.

5. „Купе бр. 6“, финско – руски филм кој го нарекоа „малиот Титаник кој се случува во руски воз“, од пијанство до љубов, на патување од Москва до Владивосток, има Гран при во Канскиот филмски фестивал.

4. „Битлси“, на Питер Џексон и Дизни – филмот е само капак, заокружување на една легендарна група.

3. „Вози ја мојата кола“ – јапонски филм, кој има од се по нешто, актерство и фотографија на високо ниво, има и тага и предавство – грациозен филм.

2. „Француската депеша“ на Вес Андресон, фотографски е во негов стил и тоа е воодушевувачки, се обрнува многу внимание на сценографијата, униформите, а темата се 4 различни приказни со добра актерска екипа кои се случуваат во издавачка куќа.

1. „Дуна“, фантастично продолжение на култниот филм. Сниман е на локации, во Мароко, нема многу комјутерски ефекти. Со референца на магични светови.

Меѓу филмовите кои предизвикаа многу контроверзии, поради што вреди да се погледа е и „Don’t look up”, со Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс и Мерил Стрип.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот