ВИДЕО | Филипче: Состојбата на Спасовски е стабилна, има благо покачена температура
Граѓаните да бидат спокојни, никој нема да остане без здравствена заштита, без здравствена услуга- рече Филипче.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е хоспитализиран вчера, потврди министерот за здравство Венко Филипче, по завршувањето на седницата на Советот за безбедност во Вила Водно.
-Неговата здравствена состојба е стабилна, има благо покачена телесна температура, меѓутоа нема значајна компликација во моментов на здравствената состојба- рече Филипче, одговајќи на новинарско прашање.
Во однос на болничките капацитети, Филипче истакна дека, има сосема доволно и реорганизација на кадарот. Целиот клинички центар е практично во ситуација на мобилизација, сите вработени лекари ќе работат во дополнителните капацитети.
-Модуларната болница е скоро исполнета, но има место во Институтот за белодробни заболувување и Клиниката на дерматологија и Клиниката за неврологија, каде што има централен довод за кислород. Целосно се ослободени интерните одделенија, дополнителни одделенија веќе се спремни и кадарот е подротвен. Граѓаните да бидат спокојни, никој нема да остане без здравствена заштита, без здравствена услуга- рече Филипче.
Тој упати апел до сите граѓани да ги почитуваат донесените нови мерки за заштита на населението.
Министерот нагласи дека вчера се сретнал со претставници на Лекарската комора, а утре во 12 часот преку ЗУМ платформата ќе има состанок со 56 интернисти, кои, како што појасни, иницијално изразиле согласност и се подготвени да учествуваат во работата во клиниките во Скопје, во болниците во државата, како и да се приклучат во системот на дежурства.