ВИДЕО | Ентони Хопкинс влезе во историјата како најстариот добитник на Оскар: Втора статуетка за актерот по 30 години

Instagram
Instagram

Ентони Хопкинс (83) го освои Оскарот за најдобар актер во семејната драма „The Father“, што го прави најстариот добитник на оваа престижна филмска награда.

Ова е негов втор Оскар по скоро 30 години и четири номинации, откако беше награден во 1992 година за улогата на Ханибал Лектор во филмот „ The Silence of the Lambs“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @_anthonyhopkinsfanpage_


Од тогаш Хопкинс беше номиниран неколку пати, но актерот најмалку се надеваше дека ќе ја однесе дома престижната награда токму оваа година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins)

Да потсетиме, церемонијата на доделувањето на Оскарите синоќа беше малку поинаква во споредба со претходните манифестации. Имено, само 170 филмаџии беа присутни во „Union Station“ во Лос Анџелес, а за време на најгламурозниот настан во годината, тие инсистираа на почитување на сите епидемиолошки мерки.

Победата на „Nomadland“ беше на големо очекувана и го круниса неверојатниот подем на Жао, за која ова е само трет филм, снимен за буџет од пет милиони долари и со кастинг од главно непрофесионални актери. Ѕвездата на филмот Френсис Мекдорманд го доби оскарот за најдобра актерка, нејзин трет, со што се израмни со Мерил Стрип. Рекордерка е Кетрин Хепберн со четири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот