ВИДЕО: Експлозија на гас во станбена зграда во Русија, четири лица повредени

Експлозија Русија/ Фото Twitter Screenshot

Силна експлозија се случила во петкатна станбена зграда во рускиот град Набережние Челни, на околу 930 километри источно од Москва, соопштија денеска итните служби.  

Дел од зградата е оштетена, а според руската агенција Интерфакс, повикувајќи се на неименувани извори, можно е неколку луѓе да биле заглавени под урнатините, пренесува Ројтерс.  

Интерфакс и руската агенција ТАС наведуваат, повикувајќи се на неименувани извори, дека е можно истекувањето на гасот да е причина за експлозијата.  

Четири лица се повредени денеска откако гасот експлодирал во станбена зграда во Набережние Челни, во руската република Татарстан, изјави за ТАС извор од безбедносните служби.  

„Според прелиминарните информации, 32 лица беа евакуирани. Четири повредени лица беа спасени и предадени на медицинскиот тим”, додаде изворот. 

Спасувачите веруваат дека неколку луѓе останале под урнатините. Се наведува дека едно лице е извлечено. Експлозијата го зафатила четвртиот и петтиот кат од станбената зграда, а Министерството за вонредни ситуации смета дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас. Најмалку шест станови се оштетени во експлозијата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот