ВИДЕО | Една е мајка: Емотивна прва средба на шимпанзо со нејзиното младенче

Фото: Инстаграм/Зоолошка градина Сеџвик

Женката-шимпанзо Махале неодамна се породи во Зоолошката градина во градот Сеџвик во Канзас, САД, а нејзината емотивна реакција кога за првпат го виде своето младенче ги разнежни луѓето ширум светот.

Махале морала извесно време да се опорави од компликациите кои настанале при породувањето со царски рез, а по 48 часа добила шанса за првпат да го види своето бебе.

Вработените во Зоолошката градина ја овековечиле нивната прва средба со видеоснимка, а на малото мајмунче му го дале името Кучеза.

„Махале е најневеројатната мајка, не го пушташе своето бебе откако првпат го зеде во раце“, велат од Зоолошката градина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот