ВИДЕО | Ѕвездата на „Самрак“ ќе стане татко: Роберт Патинсон и актерката го очекуваат првото дете

Суки Вотерхаус и Роберт Патинсон
Суки Вотерхаус и Роберт Патинсон / Фото: EPA

Англиската актерка и пејачка Суки Вотерхаус (31) откри дека е бремена со своето прво дете, за време на нејзиниот синоќешен настап на музичкиот фестивал „Корона капитал“ во Мексико Сити.

„Денеска решив да облечам нешто светкаво бидејќи мислев дека тоа може да го одвлече вниманието од нешто друго што се случува“, рекла ѕвездата на телевизиската серија „Дејзи Џонс енд Д сикс“ („Daisy Jones & the Six“) на сцената, покажувајќи кон својот стомак, како што се гледа на видеото објавено на социјалните медиуми.

Додека толпата ја бодрела, таа низ смеа рекла: „Не сум сигурна дали работи“.


Вотерхаус е во врска со ѕвездата на филмскиот серијал „Самрак“ („Twilight“) – Роберт Патинсон повеќе од пет години, но пејачката не го спомна својот партнер додека беше на сцената во неделата. Двојката е романтично поврзана откако првпат беа забележани заедно во Лондон во 2018 година, и оттогаш ја чуваат приватноста за себе.

Своето деби на црвениот тепих како двојка го имаа минатата година на ревијата на „Диор“ во Египет, речиси пет години откако ја започнаа врската. Вотерхаус зборуваше за Патинсон во интервју за „Тајмс“ во февруари годинава, велејќи дека е „шокирана“ што била „толку среќна со некого речиси пет години“.

„Секогаш сум неверојатно возбудена кога ќе го видам неговото име на мојот телефон и мислам дека тој го чувствува истото за мене“, рече таа тогаш, додавајќи: „Секогаш имаме толку многу да кажеме и го сметам за многу смешен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот