ВИДЕО | Душковска: Воспоставување на заеднички регионален пазар, но и чекор понапред кон евроинтеграциите

Татјана Штерјова Душковска, гостин во Утрински брифин/ Фото: Слободен печат

За тоа дали е можен заеднички пазар на Балканот и како до поголема размена објаснува д-р Татјана Штерјова – Душковска, генерален секретар на КИФ, претставничка од Стопанската комора на СРМ во гостувањето на Утрински брифинг.

-Изминатите месеци организиравме повеќе заеднички активности со земјите од регионот за компании од различни сектори поврзувајќи ги заедно на едно место во регионот. Заедничка делегација од сите шест економии беше присутна на дигиталниот самит што оваа година се одржуваше во Подгорица. Тирана е исклучително специфична затоа што за првпат имавме заеднички штанд на кој што заеднички се презентираа 30 компании. Ова е една од основните предуслови за онаа идеја на Западен Балкан како единствен пазар. Основната рамка која што во моментот го уредува оној формат како треба да ја зајакнеме регионалната соработката е акцискиот план за заеднички регионален пазар, вели Штерјова – Душковска.

Насловот на акцискиот план е „Воспоставување на заеднички регионален пазар“ и е чекор понапред во европска интеграција.

-Овој заеднички регионален пазар треба да помогне за подигнување на капацитетите на економиите од шесте држави кои што мора да признаеме дека се далеку од нивото на ЕУ. Не станува збор за процеси кои што се исклучуваат едниот или од другиот. Кога станува збор за Западен Балкан станува збор за усогласување на шесте држави заеднички. Коморскиот инвестициски форум е репрезент исклучиво на приватниот сектор, вели за Утрински брифинг д-р Татјана Штерјова Душковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот