ВИДЕО | Драматично спасување во Австрија: Соседот скокна да ги спаси сопружниците кои ги носеше водената стихија

Фото: Screenshot/Twitter

Викендов австрискиот град Халајн беше меѓу најпогодените од поплавите во оваа земја.

Во еден момент водената стихија навлезе во уличките во центарот на градот и ги претвори во реки водени од силна струја кои носат се пред себе.

Едно момче од овој град сними видео како две лица се борат со силните струи и го повика својот татко на помош. Забележал дека тоа се соседите – сопружници кои држат ресторан во тој крај, Салих и Ајше Караарслан.

-Во рок од 5 минути водата достигна длабочина од половина метар и ние повеќе не можевме да се држиме, рече сопругот Салих Караарслан.

Соседот веднаш скокнал по нив и успела да ги извлече двајцата, до еден ѕид кој бил на безбедно.

Спасувачот успеал со својот храбар чин да спречи трагичен исход на оваа семејна драма во поплавите во Австрија.

Погледнете како изгледаше тоа:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот