ВИДЕО: Драма меѓу Руси и Американци во водите на Јапонското Море

Руското Министерство за одбрана објави видео од инцидентот со американскиот разорувач „Џон Мекејн“, кој ги наруши руските поморски граници недалеку од Јапонското Море.

Претходно, руското Министерство за одбрана објави дека разорувачот влегол во руските територијални води во заливот на Петар Велики оддалечен два километри.

Се додава дека „Џон Мекејн“ преминал два километра преку граничната линија.

Бродот „Адмирал Виноградов“, кој директно го следеше американскиот разурнувач, го предупреди американскиот брод преку меѓународниот канал за комуникација за недопуштеноста на ваквите дејствија и можноста за „примена на ударниот маневар Таран за протерување натрапниците од територијалните води“, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството нагласи дека по предупредувањето, американскиот разорувач веднаш влегол во неутрални води.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот