ВИДЕО | Џумхур тврди: Не му се заканував на судијата!

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Дамир Џумхур, најдобриот босански тенисер, го заврши настапот на турнирот во Акапулко во првиот сет од мечот против Холанѓанецот Б. ван де Зандшулп.

Првите информации велеа дека Џумхур е дисквалификуван поради закани кон судијата, но тенисерот од Босна и Херцеговина проговори и тоа го демантираше.

Тој наведува дека при водство од 6:5 за противникот решил да се повлече од турнирот откако судијата го казни по вторпат.

– Јас не бев дисквалификуван од мечот. Го напуштив теренот затоа што во тој момент повеќе не можев да поднесам да бидам третиран многу лошо на теренот, грубо, да прави што сака, а тоа се однесува на судијата кој директно влијаеше на резултатот на натпреварот со неговите лоши одлуки.

Имаше контроверзна топка на 5:5 и 40:40, каде тој не реагираше. Топката беше во чист аут и го загубив тој сервис-гем. После тоа на пауза му реков дека ќе им го покажам видеото на сите и дека имам право да го тужам за тоа што директно влијаеше на пораз или победата на другиот играч.

Тој ми даде опомена за тоа. Од каде има право да упати опомена за тоа што рече дека ќе го тужам за грешките што ги направи? – се прашува 125 тенисер во светот.

Џумхур негира закани кон судијата:

– Не знам зошто некои портали велеа дека ќе убијам некого. Кога заврши мечот, супервизорот дојде на терен, неколку пати му реков дека не можам да верувам што ми направи главниот судија и дека едноставно требаше да го удрам подоцна. Супервизорот рече дека не би било добра идеја, дека може да си нанесам голема штета и реков дека во тој момент не ме интересира ништо затоа што бев многу нервозен, но се смирив и го напуштив теренот. Не се заканував дека ќе го убијам – додаде Џумхур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот