ВИДЕО: Депај ги одушеви навивачите, со гол во дебито за Барселона

Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Денеска во пријателски натпревар како подготовка за новата натпреварувачка сезона екипата на Барселона триумфираше со 3:1 против Жирона.

На стадионот „Јохан Кројф“ во Барселона својот дебитантски настап за каталонскиот гигант го имаше големото холандско засилување Мемфис Депај.

Во првото полувреме Пике донесе за Барса од пенал во 21 минута, а 180 секунди подоцна предноста ја зголеми Манај.

Непосредно пред паузата Жирона успеа да го постигне единствениот погодок на мечот од белата точка преку Саиз.

Депај настапи од 42 минута како замена за Манај, а Холанѓанецот својот прв гол за Барселона го имаше во 85 минута кога беше прецизен од пенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот