Никола Јокиќ/Denver Nuggets

ВИДЕО: Денвер го прегази Хјустон и се врати на победите, Јокиќ дојде и до 25. трипл-дабл

По двата пораза по ред од Њујорк и Оклахома , кошаркарите на Денвер се вратија на победничкиот колосек и тоа со убедлива победа против директниот конкурент на Западот, Хјустон.

Наместо очекувано дерби и неизвесна завршница, домашниот тим целосно доминираше и славеше со високи 129-93. Клучниот пресврт се случи во второто полувреме, кога Денвер одигра одлично и го доби тој дел од натпреварот со убедливи 76-46.

Најрасположен во победничкиот состав беше Џамал Мареј со 30 поени, додека Никола Јокиќ повторно блесна со комплетна партија и го забележа својот 25. трипл-дабл сезонава, 16 поени, 13 асистенции и 12 скока. Интересно е што четворицата најефикасни играчи на натпреварот беа токму од редовите на Денвер, додека кај гостите најефикасен беше Амен Томпсон со 16 поени.

Со овој триумф, Денвер се израмни по бројот на победи со Хјустон, како и со Лејкерс и Минесота, сите имаат по 40 победи. Во моментов Нагетс ја делат петтата позиција во Западната конференција заедно со Минесота.

НБА РЕЗУЛТАТИ:
Орландо – Кливленд 128-122
Њу Орлеанс – Торонто 122-111
Јута – Њујорк 117-134
Денвер – Хјустон 129-93
Сакраменто – Шарлот 109-117
ЛА Клиперс – Минесота 153-128

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот