ВИДЕО: Денот кога Реал Мадрид беше на колена во Скопје!

Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Датумот 6 ноември со златни букви е запишан во историјата на МЗТ Скопје Аеродром, откако на денешен ден во 1996 година беше остварена најголемата победа досега – против големиот Реал Мадрид во рамки на Еврокупот во организација на ФИБА Европа.

Пеколот во стариот „Јане Сандански“, во кој имаше речиси двојно луѓе од предвидениот капацитет, беше неминлива пречка за ѕвездите на „кралскиот клуб“, кои беа предводени од легендарниот Жељко Обрадовиќ, а за кого играше и неповторливиот Дејан Бодирога.

Резултатот беше 69:68 во корист на „сино-белите“ и тоа со двете прецизно изведени слободни фрлања на Перо Блажевски на неколку секунди до крајот.

Овој триумф силно одекна во тогашна кошаркарска Европа и дефинитивно го стави нашиот клуб на мапата на најдобри состави на Стариот континент.

Блажевски со 22 поени (4/4 за тројка) беше најпрецизен кај МЗТ Скопје на овој меч, Мирза Куртовиќ постигна 15, Врбица Стефанов 14, а Американецот Марк Дин 11 поени со седум скока. Зад името на Игор Михајловски останаа запишани четири, а Ѓорѓи Књазев постигна три поени. Минутажа добија и Тони Симиќ и Дејан Димов, а на клупата останаа Антонио Миневски и Борис Нешовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот