ВИДЕО | Д-р Митов: Нашето тело се детоксифицира секојдневно – ако се случи поголемо собирање на токсини тоа е знак за болест

д-р Александар Митов во Утрински брифинг
д-р Александар Митов / Утрински брифинг

-Јануари е месец на гужва, решавење да се направат промени, после изборен период ова е нешто што вака интензивно се случува. Нашето тело се детоксицира на дневна основа. Создадена е некоја инпресија е дека може да се насоберат токсини кои потоа со некаков пристап може да се прочистат. Нашето тело постојано работи да ги отстрани токсините. Научна основа дека со некаков третман со исхраната се прави тоа, нема. Со самото променување на начинот на исхраната ќе му дадеме шанса на телото да се одмори од голем внес на калории но тоа значи дека по период на претерување малку сме релаксирале но тоа не значи дека сме се детоксицирале.

-Расолницата од многу аспекти е извонредно здрава со еден недостаток, солта. Најважен е напливот на пробиотици кои ги содржи, но таа не се препорачува за пациенто со покачен крвен притисок. Најважно е барем водата да ја доведеме до внес од нешто над 1 литар над ден, таа најмногу го подобрува процесот на детоксификација. Проблемот е што уште во детството го потиснуваме оваа потреба и доколку човек се истренира да го намалиме внесот потоа многу лесно се губи таа навика за пиење вода. Чајот може да биде замена за вода дури и имаат додадена вредност но да се избегнува засладување, вели д-р Александар Митов во Утрински брифинг.

-Зелката е извонредно добар детоксификатор. Тоа е поради нејзиниот состав кој ги неутрализира токсините во телото. Ваков состав има и брокулата и прокељот но зелката е број еден, вели за Утрински Брифинг р-р Александар Митов.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот