ВИДЕО | Д-р Хасани: Пребродивме тешки времиња – вакцината е морална обврска и главното оружје против агресивниот непријател

Имавме многу тешки времиња. Се опековме со маки. Сега е сосема друг период. Сите чувствуваме дека се враќаме во нормала. Мерките полека се тргаат, тие си завршија работа. Освен што го контролиравме вирусот кој лудничаво се однесуваше, со мерките ја подигнавме свеста кај сите граѓани. Свеста и подсвеста кај сите нас веќе почна да функционира. Бројките се добри, и дозволено е да бидеме малку покомотни, изјави во Утрински брифинг Д-р Илир Хасани, заменик министер за здравство.

-Во Скопје вчера имаше 3-ца заразени. Реално може да се случи и да се прошири болеста во вакви ситуации, но затоа идејата е да не се олабават мерките комплетно. Доколку ресторан собира 1.000 луѓе, идејата е да се работи со лимитиран капацитет, со вентилација. Собирања има секојдневно, секое затегнување на мерките во овој правец би довело до непријатности, бидејќи луѓето ќе се собираат и по дома и во тие 50 квадрати пак би се собирале за свадби.

Затоа подобро е нешто да контролираш и да го имаш во системот, отколку да го оставиш во милост и немилост и на совест на граѓаните. Морам да кажам дека свеста веќе е подигната на високо ниво.

Овој вирус има многу непознати, но единствена работа која ние ја имаме како оружје против агресивниот непријател се вакцините. Ние ќе најдеме начини како луѓето да се вакцинираат. Индиректен притисок е тешкото функционирање на невакцинираните. Учителите не мора, но треба да се вакцинираат. Од друга кој доктор не се вакцинира а работи со пациенти. Сега е време на одмори. Луѓето сакале или не сакале ќе треба да се вакцинираат.

При штабот за кризи ние отворивме и еден подштаб кој ќе се занимава со кампања за подигнување на свеста на луѓето во однос на вакцинацијата. Но ние капањата не можевме да ја активираме се до вчера кога пристигна огромна бројка на вакцини. Сега доаѓа период од дваесетина, триесетина дена кога ако вакцинираме по 10-15.000 луѓе сепак тоа значи дек аима кого да вакцинираме. Во случај на застој во динамиката веројатно ќе се преземат поагресивни мерки додава Д-р Хасани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот