ВИДЕО | Д-р Даниловски: Кај делта-сојот предоминираат симптоми на обична настинка

Фото: МИА

Во своето вчерашно гостување во Дневникот на ТВ Сител, епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски зборуваше за симптомите на новиот делта-сој и за тоа кога е потребно граѓаните да побараат медицинска помош.

– Интересно кај делта-сојот е дека многу умешно си направи една мимикрија за да не биде препознаен, се измаскира во однос на алфа-сојот и на оној класичниот тип од Вухан. Со тоа што овојпат кај делта апсолутно предоминираат симптоми на обична настинка – главоболка, болка во грлото и течење на носот. Она што беше класика за алфа – кашлица, губење на мирис и вкус итн. некако се повлекоа во заден план, објаснува д-р Даниловски.

Според д-р Даниловски, кога станува збор за делта-сојот, нема начин да се направи разлика меѓу ковид-19 и обична настинка и тоа може да се провери само со тестирање.

– Препорачливо е ако се појават вакви симптоми, и уште згора на сѐ се појави зголемена телесна температура, тој што ќе го искуси тоа да не шета безгрижно наоколу, туку да си направи тест и додека го чека резултатот да си остане дома. Како и досега, лицето треба да побара медицинска помош ако се појави упорно покачена температура, отежнато дишење, тешка малаксаност итн., препорачува д-р Даниловски.

Д-р Беќаровски до колегите: Разладите се во солена/слатка/кисела вода во следниве 10 дена, а потоа повторно „ќе пливаме“ во сопствената пот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот