ВИДЕО: Црвена звезда се извини поради навредите од „навивачите“ кон Ибрахимовиќ

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Златан Ибрахимовиќ беше „на мета“ за време на вчерашниот натпревар во Белград меѓу Црвена звезда и Милан во првиот натпревар од 1/16 финалето во Лига Европа, а српскиот шампион со официјално соопштение му се извини на шведскиот напаѓач и рече дека ќе го најде и казни навивачот кој го навредувал.

После натпреварот на социјалните мрежи се појави видео, каде еден од „навивачите“ од ложата му вика на Ибрахимовиќ и го навредува на национална основа. Видеото можете да го погледнете ТУКА

– Црвена звезда најостро ги осудува навредливите повици кон Златан Ибрахимовиќ за време на синоќешниот натпревар со Милан. Како клуб, сторивме сè за да го организираме натпреварот на ниво на два големи клуба и нема да дозволиме примитивен поединец да го извалка традиционално познатото гостопримство на нашата земја и на нашиот народ – се вели во соопштението на белградските „црвено-бели“.

Како што е истакнато, Звезда, во соработка со надлежните органи, ќе го пронајде споменатиот поединец личност и ќе инсистира да ги сноси сите последици од ваквото однесување.

– Црвена звезда искрено му се извинува на Златан Ибрахимовиќ за непријатностите што ги доживеа во нашата куќа. Според старите српски обичаи, нашиот клуб отсекогаш бил добар домаќин, тоа е познато низ цела Европа и ќе остане така и во иднина, бидејќи никогаш нема да толерираме такви испади – велат од ФК Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот