ВИДЕО: Чупиќ му донесе финале на ППД Загреб во СЕХА лигата

Чупиќ одново херој во завршните моменти на ракометните терени/ фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

На Фајнал-фор турнирот во Задар (Хрватска) во СЕХА Газпром лигата денеска ППД Загреб триумфираше по пенал серијата против Мешков Брест.

По регуларните 60 минути стоеше 32:32, по што седмерците одлучуваа кој ќе биде првиот финалист во завршницата од ова регионално натпреварување.

Во пенал серијата Хрватите се покажаа како подобри од Белорусија со 6:5, победничкиот гол го постигна екс членот на Вардар 1961, Чупиќ, за вкупни 38:37.

Токму Чупиќ беше прв стрелец со 10 погодоци, два помалку запиша Вистороп, а на спротивната страна Ваилупау се истакна со девет голови.

Во второто полуфинале Веспрем од Унгарија на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков од 20.30 часот ќе игра против украинскиот Мотор Запорожје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот