ВИДЕО: Бостон славеше во НБА спектаклот против Голден стејт

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Ноќта меѓу четвртокот и петокот во НБА лигата екипата Бостон селтикс ја забележа осмата последователна победа, совладувајќи го тимот на Голден стејт со 121:118 по едно продолжение.

Гостите имаа предност од 106:103 на нешто помалку од 30 секунди до крајот, по тројката на Стеф Кари, но на 18 секунди до крајот Џејлен Браун одговори на другата страна.

Во дополнителните пет минути Бостон го искористи моментумот и поддршката од публиката и успеа да оствари триумф.

Кај домаќините најефикасен беше Џејсон Тејтум кој го одигра целиот натпревар и постигна 34 поени со 19 скокови и шест асистенции. Ал Хорфорд запиша 20, Маркус Смарт 18, Џејлен Браун 16, а Малколм Брогдон 14 поени.

За Вориорси најрасположен беше Стеф Кари со 29 поени и седум асистенции, Клеј Томпсон додаде 24, колку што имаше и Џордан Пул, додека Ендрју Вигинс мечот го заврши со 20 поени.

НБА лига, резултати
Бостон – Голден Стејт 121:118 п
Минесота – Торонто 128:126
Феникс – Бруклин 117:112
Портланд – Филаделфија 95:105

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот