ВИДЕО: Борусија Дортмунд во трка со Лајпциг на Елиф Елмас за место во ЛШ

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Во 18 коло од Бундес лигата екипата на Борусија Дортмунд убедливо го совлада Келн на гости со 4:0.

Во денешниот меч за Дортмунд се истакна Мален со два голови во 12 и 61 минута, а во листата на стрелците се запишаа и Фулкруг од пенал во 58 минута и Мукоко во судиското надополнување (90+2`).

На табелата во германското фудбалско првенство „милионерите“ се на петтата позиција со 33 бодови, колку што има и четвртопласираниот Лајпциг на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој има меч помалку.

Келн е на претпоследното 17 место со 11 бодови и се очекува до крајот на сезоната да се бори за опстанок во елитата.

Се одиграа уште четири натпревари во саботата: Бохум – Штутгарт 1:0, Дармштад – Ајнтрахт Франкфурт 2:2, Фрајбург – Хофенхајм 3:2, Хејденхајм – Волфсбург 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот