ВИДЕО: Бизарно, го славеше голот на противниците?

twitter/Moses Odubajo

Фудбалерот на Шефилд вендзеј, Мозес Одубајо се соочува со обвиненија дека го прославил голот на противничкиот тим, Нотингем форест.

Неговиот тим е поразен на гостувањето со 2:0, а спорниот момент за навивачите на Шефилд вендзеј се случи по вториот гол на Нотингем во 87. минута. Според навивачите на Шефилд, Одубајо бил среќен по голот на противникот бидејќи на снимката се гледа како оди насмеан кон стрелецот Гребен и потоа му честита.

– Поразот е фрустрирачки за мене и за екипата. Никогашне би му честитал на друг играч за постигнат гол против мојот тим. Му реков на Гребен дека нема шанси тоа да биде гол поради прекршоко и се насмеав мислејќи дека голот нема да биде признат. Ние сме на дното на табелата, никој во клубот не сака да испадме и нема шанси да прославувам гол кој сè уште не држи на дното. Снимките може да дадат погрешна слика и се надевам дека се разбрав со навивачите кои се сомневаа во мојата лојалност кон тимот – се обиде да објасни Одубајо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот